Haydar Hadi
07 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
БАГДАД (АА) - Ирачката Влада упати дипломатска нота до Соединетите Американски Држави (САД), кои го признаа Ерусалим како главен град на Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Ирак, Ахмед Махџуб, во писмено соопштение наведе дека го повикале амбасадорот на САД во Багдад, Даглас Силиман, на разговор во министерството, поради одлуката на претседателот на САД во врска со Ерусалим, и упатиле дипломатска нота до него.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера соопшти дека САД го признаваат Ерусалим како главен град на Израел. Трамп, исто така, истакна дека дал инструкции до Стејт департментот за започнување на подготовките за префрлување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.