Sayed Khodaberdi Sadat
07 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
КАБУЛ (АА) - Претседателот на Врховниот мировен совет на Авганистан, Керим Халили, истакна дека се подготвени за мировни преговори со талибанците, јавува Anadolu Agency (AA).
Халили одржа прес-конференција во авганистанскиот главен град Кабул, на која зборуваше за мировни преговори со талибанците.
„Подготвени сме за мировни преговори со талибанците. Моментално се создадени добри услови за започнување на преговорите“, нагласи Халили.
Тој информираше дека Индонезија ќе даде поддршка за да се воспостави мир во Авганистан.
Од друга страна, генералниот секретар на Врховниот мировен совет, Акрем Хипелвак, рече дека ако талибанците позитивно одговорат на нивниот апел, тие ќе им дозволат да отворат канцеларија во Кабул за мировните преговори.
Хипелвак истакна дека Врховниот мировен совет може да ги реализира мировните преговори како и кога ќе сакаат талибанците, и додаде дека војната не е решение.
Иако авганистанските власти веќе две години упатуваат апели за мир до талибанците, тие досега одговараа негативно.