Ekip
07 Септември 2019•Ажурирај: 08 Септември 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Иранската новинска агенција ИСНА (ISNA) објави дека во близина на Ормудскиот Теснец иранската крајбрежна стража запленила реморкер и ги задржала 12-те члена на екипажот од Филипини, пренесува Anadolu Agency (AA).
ИСНА објави дека крајбрежната стража информирала дека екипажот на реморкерот криумчарел 280.000 литри гориво.
Во последните неколку месеци Иран го зголеми бројот на поморски патроли во стратешки важниот Ормудски Теснец во устието на Персискиот Залив по зголемувањето на тензиите меѓу Техеран и Вашингтон.
Иран во средата дозволи 7 члена на екипажот на британскиот танкер „Стена имперо“ да ја напуштат земјата. Танкерот е запленет во јули, откако Велика Британија го заплени иранскиот танкер во Гибралтар, кој подоцна е пуштен.