Muhammet Kurşun
06 Декември 2021•Ажурирај: 09 Декември 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзаде, истакна дека преговорите за нуклеарниот договор во Виена, главниот град на Австрија, ќе започнат повторно викендов, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хатибзаде, на прес-конференцијата одржана во Министерството за надворешни работи се осврна на нуклеарниот договор и преговорите околу договорот.
Истакнувајќи дека следната рунда на преговори ќе започне викендов, Хатибзаде порача:
„Ние преговорите ги водиме според нацртите што ги доставивме до другата страна. Нема привремен или фазен договор. Другата страна не се спротивстави на текстот презентиран од Иран. Тие само рекоа дека треба да го оценат и дека не можат да ги исполнат сите барања.“
Хатибзаде, потсетувајќи дека преговорите не се завршени и дека е направена само пауза, рече дека доколку е потребно ќе може да поднесат нови нацрт-предлози.
„Иран во Виена отиде со потребната флексибилност, но другата страна ја нема потребната флексибилност. Ние нема да прифатиме ништо помалку од нуклеарниот договор и не сакаме ништо повеќе од овој договор. Санкциите продолжуваат и сè уште не ни е отворен ниту еден пат“, додаде портпаролот на иранското МНР.