Ahmet Dursun
16 Февруари 2022•Ажурирај: 17 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ Генералниот секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Шамхани, изјави дека нема да има никакви преговори со САД и Европа освен оние за нуклеарната програма, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шамхани на Твитер објави порака за долготрајните преговори за нуклеарната програма во Виена, австриската престолнина, чија цел е заживување на Договорот за нуклеарната програма, познат како Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA).
„САД и Европа паднаа на тестот за исполнување на нивните обврски од Договорот за нуклеарната програма“, рече Шамхани, додавајќи:
„Договорот за нуклеарната програма сега стана празна школка за Иран на економско поле и на прашањето за укинување на санкциите. Нема да има други преговори освен оние за нуклеарната програма со САД, кои го прекршуваат договорот и со Европа, која не ги исполнува нејзините обврски“, рече тој.
Во Виена се одржуваат преговори за нуклеарната програма со цел да се обезбеди целосна имплементација на Договорот за нуклеарната програма и враќање на САД со учество на високи претставници од Русија, Кина, Германија, Франција, Велика Британија и Иран. Страните тврдат дека преговорите се влезени во фаза на одлучување.
Иранскиот Договор за нуклеарната програма, официјално наречен Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), беше потпишан во 2015 година од Иран, САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија, Германија и Европската Унија.
Според договорот, Техеран вети дека ќе ја ограничи својата нуклеарна активност само за цивилни цели, а светските сили се согласија да се откажат од економските санкции кон Иран.
САД под водство на поранешниот претседател Доналд Трамп, еднострано се повлекоа од договорот од 2018 година и воведоа санкции кон Иран, што доведе до тоа Техеран да престане да се придржува до договорот.