Dmitri Chirciu
16 Февруари 2022•Ажурирај: 17 Февруари 2022
МОСКВА (АА) ‒ Руското Министерство за одбрана објави видеоснимка на која се гледа како воените единици кои изведуваа вежби на незаконски анектираниот Крим, се враќаат во своите постојани бази, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во видеото што го сподели Министерството се прикажува враќањето на единиците на Јужната воена област во нивните бази преку мостот „Керч“, со што беа завршени вежбите на полигоните на Крим.
Оклопни возила и тенкови на единиците се враќаа со воз.
Вчера, портпаролот на Јужната воена област на руското Министерство за одбрана, Вадим Астафиев, соопшти дека руските воени единици кои изведуваат вежби на Крим, почнале да се враќаат во своите бази.