свет

Исчезна цивилен хеликоптер со 22 лица на далечниот исток на Русија

– Спасувачките служби трагаат по хеликоптер кој исчезна во регионот Камчатка со 19 патници и тројца членови на екипажот

Elena Teslova  | 31.08.2024 - Обновена : 31.08.2024
Исчезна цивилен хеликоптер со 22 лица на далечниот исток на Русија

МОСКВА (АА) - Цивилниот хеликоптер Ми-8 со 22 лица исчезна на крајниот исток, во подрдачјето Камчатка, објави денес Руската Федерална агенција за воздушен транспорт (Росавиција), пренесува Анадолу.

Исчезнатиот хеликоптер, кој превезувал туристи на далечниот исток на Русија, патувал од вулканот Вачкајец на јужниот дел на полуостровот Камчатка до селото Николаевка, оддалечено околу 25 километри.

„Во тек е потрагата по хеликоптерот Витјаз-Аеро Ми-8Т на територијата на Камчатка. Според прелиминарните податоци, во хеликоптерот имало 22 лица“, објави агенцијата за воздушен транспорт на Русија и додаде дека во него се наоѓале 19 патници и три членови на екипажот.

Два хеликоптери и спасувачки тим од земјата ја водат потрагата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın