свет

Русија: Огромен пожар избувна во административна зграда во центарот на Москва

- Повеќе од 110 пожарникари се борат со пожар што избувна во близина на седиштето на руската влада

Elena Teslova  | 31.08.2024 - Обновена : 31.08.2024
Русија: Огромен пожар избувна во административна зграда во центарот на Москва

МОСКВА (АА) - Голем пожар избувна денес во административна зграда во центарот на Москва, кој се прошири на површина од 1.000 квадратни метри, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации, известува Анадолу.

Министерството соопшти дека во гаснењето на пожарот се ангажирани повеќе од 110 пожарникари опремени со 35 единици противпожарна опрема и чамец. Засега нема информации за евентуални жртви.

Пожарот избувна на само неколку стотини метри од зградата на руската влада, во која се сместени канцелариите на сите федерални министри, вклучувајќи го и премиерот Михаил Мишустин.

Во одделен инцидент, синоќа избувна уште еден голем пожар во фабрика во градот Љуберац, лоциран во Московскиот регион. Пожарот првично зафатил 1.600 квадратни метри, а потоа се проширил на 3.500 метри квадратни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın