Ekipa
10 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
ЛУКА (АА) - Министрите за надворешни работи на седумте индустриски најразвиени земји во светот (Г7) денес во Италија ќе одржат вонредно заседавање по повод нападот со хемиско оружје во сирискиот град Идлиб и воениот одговор на Соединетите Американски Држави, пренесува Anadolu Agency (AA).
Состанокот ќе се одржи во италијанскиот град Лука, во Тоскана, а како што е најавено, министрите ќе бараат од Русија да стави крај на поддршката на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Во нападот со хемиско оружје на Кан Шајхун минатата недела, загинаа повеќе од 100 лица, а над 500 ги почувствуваа последиците од вдишувањето на отровниот гас.
По нападот врз Идлиб, американските сили ја бомбардираа воената база на силите на режимот на Башар ал-Асад во Сирија, а американскиот претседател Доналд Трамп повика на поддршка за тој воен чекор.
Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, ќе присуствува на денешното заседавање на министрите од Г7, прво, откако Доналд Трамп стапи на функцијата претседател.