Ekipa
08 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Каталонската сообраќајна служба (SCT) соопшти дека утринава поради протестите бил нарушен сообраќајот на 60 делници од патиштата и автопатиштата, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Голем број од блокадите се на пристапните патишта до големите каталонски градови, вклучуваји ја и регионалната престолнина Барселона и некои од главните автопатишта“, соопштија преку „Twiter“ (Твитер) од СЦТ.
Шпанските државни железници „Ренфе“ објавија дека возовите застанале на десетици локални линии, бидејќи демонстрантите ја блокирале пругата. Тие додаваат дека од протестите се погодени и неколку брзи железнички линии и оти некои возови се пренасочени или се откажани патувањата. Во северниот каталонски град Жирона демонстрантите ги обиколија полициските контролни пунктови и влегоа во главната железничка станица.
Сeпаратистичките работнички синдикати повикаа на штрајк поради мерките без преседан на Владата на Шпанија, со коишто таа ја презеде контролата над регионот.
Политичките партии и граѓанските групи ги повикаа работниците во поголемите каталонски градови повторно да се соберат вечерва пред градските собранија во знак на протест поради затворањето на соборените сецесионистички лидери.