свет

Кина и Русија изведуваат заедничка поморска воена вежба

- Заедничката вежба „Море-2024“ се одржува во водите и воздушниот простор кај Џанџијанг, во јужната кинеска провинција Гуангдонг.

Muhammed Yasin Güngör  | 13.07.2024 - Обновена : 14.07.2024
Кина и Русија изведуваат заедничка поморска воена вежба

ПЕКИНГ (АА) - Кина и Русија започнаа заедничка поморска воена вежба на почетокот на јули, објави во петокот кинеското Министерство за одбрана, известува Анадолу.

Заедничката вежба „Море-2024“ се одржува во водите и воздушниот простор кај Џанџијанг, во јужната кинеска провинција Гуангдонг.

Вежбата се изведува во согласност со годишниот план за воен ангажман и билатералниот договор меѓу вооружените сили на двете земји.

Вежбата што е во тек има за цел да ја покаже решителноста и способноста на двете страни за заедничко соочување со поморските безбедносни предизвици и одржување на глобалниот и регионалниот мир и стабилност, се вели во соопштението на кинеското Министерство за одбрана.

Сепак, Јапонија изрази сериозна загриженост за националната безбедност поради близината на операциите до нејзината граница.

Заедничките вежби меѓу Кина и Русија служат како показател за нивното стратешко партнерство, а аналитичарите го гледаат како одговор на американското воено присуство во регионот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.