Riyaz Khaliq
26 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
АНКАРА
Кина денес објави дека ќе воведе санкции за американските компании и лица поради продажбата на оружје на Тајван, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Боинг, Локхид Мартин и Рејтеон се наоѓаат на листата на американски бизниси и лица што ќе се соочат со кинеските санкции поради продажбата на оружје на Тајван“, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи, Џао Лиџијан, на прес-конференцијата во Пекинг, пренесува локалниот радиодифузер CGTN.
Кина тврди дека Тајван е „отцепена покраина“, додека Тајпеј инсистира на својата независност од 1949 година. Најмалку 16 земји го признаваат како таков и имаат формални дипломатски односи со Тајпеј.
Минатата недела Пекинг изјави дека ќе даде „неопходен одговор“ кон одобрувањето на САД на потенцијалната продажба на оружје од 1,8 милијарди американски долари на Тајван.
Американскиот Стејт департмент официјално го извести Конгресот за планираната продажба на оружје на Тајван. Кина повеќепати ги предупредуваше САД за каков било потег.
Се очекува Тајван да купи три вооружени системи, вклучително сензори, ракети и артилерија, што може да имаат вкупна вредност од 1,8 милијарди долари.
Овој потег го налути Пекинг, кој рече дека ваквиот потег е сериозно нарушување на принципот една Кина и на трите заеднички соопштенија меѓу Кина и САД.