Nuri Aydın
08 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
АНКАРА
Бројот на заразени со новиот коронавирус до сега во светот надмина 68 милиони, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажурирани податоци од глобалната епидемиолошка состојба од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на заразени во светот се зголеми на 68.000.862.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), каде досега се заразени 15.370.339 лица.
Според бројот на заразени, по САД следат: Индија (9.703.908), Бразил (6.628.065), Русија (2.515.009), Франција (2.295.908), Италија (1.742.557), Велика Британија (1.737. 960), Шпанија (1.725.700), Аргентина (1.466.309), Колумбија (1.377.100) и Германија со (1.200.006) лица.
Досега во светот од последици на коронавирусот починаа 1.551.760 луѓе, додека оздравеа 48 милиони луѓе.