Dmitri Chirciu
11 Април 2023•Ажурирај: 12 Април 2023
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека информациите дека Египет планира да ѝ испрати ракети на Русија се лажни, јавува Анадолу.
Песков во рускиот главен град Москва даде изјава за медиумите во врска со актуелните прашања.
Тој се осврна на веста на „Вашингтон пост“ дека Египет планира да ѝ испрати ракети на Русија.
„Тоа наликува на лажните вести кои се повторувани. Ваквите вести треба да ги оцениме на овој начин“, рече тој.