Кремљ одби да коментира за наводното лансирање на интерконтиненталнa балистичкa ракетa врз Украина
На брифингот со новинарите во Москва, Песков ги пренасочи прашањата до руското Министерство за одбрана: „Препорачувам да ја контактирате војската. Во моментов немам информации за ова прашање“
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес одби да ги коментира тврдењата на Украина за наводно лансирање интерконтинентална балистичка ракета од Русија кон Украина, јавува Анадолу.
На брифингот со новинарите во Москва, Песков ги пренасочи прашањата до руското Министерство за одбрана: „Препорачувам да ја контактирате војската. Во моментов немам информации за ова прашање“.
Во меѓувреме, Вооружените сили на Украина тврдат дека Русија го гаѓала градот Днипро со ракета, вклучително и со интерконтинентална балистичка ракета лансирана од регионот Астрахан.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.