Hakan Ceyhan Aydoğan
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров се сретна со Генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО), Ахмет Узумџу, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата која што се одржа во Москва во делот отворен за медиумите, Лавров, од своја страна изјави дека ќе се разговара за предлог новиот договор со цел да се обезбеди почитување на договорот од страна на сите негови потписници но дека ќе се разговара и за спречување на терористички напади со хемиско оружје.
Узумџу соопшти дека „Русија ги извршува обврските во рамките на договорот. Во моментов уништени се 93 проценти од резервите. Очекуваме во наредните години завршување на проектот.”
Во рамките на престојот во Москва, Узумџу ќе се сретне со официјални лица на долниот и горниот дом на рускиот Парламент, со Советот на Федерацијата и Думата.
Се очекува да одржи и останок во Министерството за индустрија и да посети објект за уништување на хемиско оружје.