Dmitri Chirciu
01 Декември 2023•Ажурирај: 04 Декември 2023
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека ситуацијата во Појасот Газа е „многу сериозна“ и додаде: „Податоците на Обединетите нации (ОН) се страшни. Меѓу убиените цивили, повеќе од 6.000 се деца. Бројот на убиени жени надмина 4.000“, известува Анадолу.
Лавров одржа прес-конференција по 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), чиј мандатен претседавач е Северна Македонија.
На прашањето на дописникот на АА за „наводите дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретнал со Советот за безбедност на Израел и за поддршката што САД му ја даваат на Израел“, Лавров одговори: „Ситуацијата во Газа е многу сериозна. Податоците на ОН се застрашувачки. Меѓу убиените цивили, повеќе од 6.000 се деца. Бројот на убиени жени надмина 4.000.“
„Најостро го осудивме терористичкиот напад извршен врз Израел на 7 октомври. Сепак, ние сме против борбата против тероризмот со какви било средства, кои вклучуваат и грубо кршење на меѓународното хуманитарно право. Нашите израелски колеги го знаат тоа. Сите други земји заинтересирани за овој регион имаат сличен пристап“, рече Лавров.
Посочувајќи дека Израел дава изјави во кои вели дека нема да запре додека не го уништи Хамас, Лавров нагласи дека правилата за војна не се укинати.
Наведувајќи дека се за осигурување на безбедноста на Израел, Лавров додаде: „Безбедноста на Израел е во чувствителна ситуација. Причина за тоа е неспроведувањето на одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) во врска со формирањето на палестинската држава.“
- „На состанокот не се обезбеди учество на сите министри“
Одговарајќи на прашањето „Дали учеството на Русија на состанокот на ОБСЕ значи дека Западот почнува да ја сфаќа потребата од интеракција со Москва?“, Лавров одговори:
„Кога се одржува состанок на Советот на министри на ОБСЕ, никој не треба да поканува никого. Земјата домаќин на состанокот има обврска да обезбеди учество на сите министри и оние што ги придружуваат, вклучително и новинарите. Тоа тука не се случи. Тие, немаат право да не поканат некого.“