Eshat Fırat
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
КУДС (AA) – Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман изјави дека израелската опозиција работи на тоа да го втурне Израел во војна во Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Лидерите на израелската опозиција, токму како и радикалните организации во Газа, се обидуваат да нѐ втурнат во голема војна", изјави Либерман за израелскиот државен радио канал.
Лидерот на опозициската израелска Лабуристичка партија Ави Габеј изминатиот викенд го обвини премиерот на таа земја Бењамин Нетанјаху дека недоволно жестоко одговара на ракетните напади од Газа.
Габеј изјави и дека воздушните удари на одредени положби во Газа се потрошено и неефикасно средство за спречување на провокативни напади од Газа кон Израел.