Emel Gözellik
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 7 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 се заразени 7.000.814.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот заразени се 1.988.545 лица.
По САД следуваат Бразил со 676.494 откриени случаи, Русија со 467.673 случаи, Шпанија со 288.390, Велика Британија со 284.868, Индија со 247.678, Италија со 234.801, Перу со 191.758, Германија со 185.696 и Иран со 169.425 откриени случаи.
Во Турција со Ковид-19 досега се заразени 169.218 лица.
Земји во кои бројката на откриени случаи со Ковид-19 надмина 50.000 се:
Франција (153.634), Чиле (127.745), Мексико (113.619), Пакистан (98.943), Саудиска Арабија (98.869), Канада (95.057), Кина (83.036), Катар (67.195), Бангладеш (65.769) и Белгија (59.226).
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 402.575 лица. Исто така од Ковид-19 се излекувани 3.422.299 лица.