İdiris Okuduci,Enes Canlı
26 Јануари 2020•Ажурирај: 27 Јануари 2020
ТРИПОЛИ - Владата на национално единство на Либија, што е поддржана од Обединетите нации (ОН), информираше дека милициите, кои се дел од вооружените сили што го поддржуваат генерал Хафтар, вршат интензивни напади врз подрачјето Ебу Кирејн во областа Мисрата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Абдулмалик ел Медени, портпаролот на операцијата „Буркан ел Гадаб“, што ја спроведуваат вооружените сили кои се приврзани на Владата на национално единство призната од меѓународната јавност, објави писмено соопштение во кое наведува дека милициите што му се приврзани на Хафтар, и покрај повикот од Берлин за примирје во Либија, на околу 140 километри југоисточно од Мисрата извршиле интензивни напади врз подрачјето на Ебу Кирејн.
Портпаролот на операцијата, Медени, додава дека продолжуваат интензивните напади во подрачјето на Ебу Кирејн.
Освен тоа, Медени за АА изјави дека Ебу Кирејн сè уште се наоѓа под нивна контрола, но додаде дека на просторот на кој се наоѓаат цивилни населби се гранатира со минофрлачки бомби.
Од соборувањето на починатиот лидер Моамер Гадафи во 2011 година, во Либија се појавија две седишта на моќ - Владата на национално единство во Триполи, која ја ужива поддршката на ОН и е меѓународно призната, и воениот командант Калифа Хафтар во источна Либија, поддржан главно од Египет и ОАЕ.
На 4 април, Хафтар, кој командува со силите со база во источна Либија, започна офанзива за заземање на главниот либиски град, Триполи.