Esra Taşkın
08 Октомври 2022•Ажурирај: 09 Октомври 2022
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека е донесена одлука за формирање на специјален фонд за да ги поддржат воените напори на Украина, известува Агенција Анадолија (АА).
Макрон по неформалниот самит на ЕУ во Прага соопшти дека на состанокот е разговарано за украинско-руската војна и енергетиката.
Тој потсети на поддршката во вид на воена опрема што неговата земја ѝ ја пружила на Украина и додаде дека работат со одделни европски партнери за испраќање на дополнителни хаубици „Цезар“.

„Донесовме одлука за формирање на посебен фонд кој ќе овозможи директно купување од нашите индустријалци материјали кои најмногу ѝ се потребни на Украина за отпор против руските напади“, рече Макрон, истакнувајќи дека во првата фаза фондот ќе изнесува 100 милиони евра.
Претседателот на Франција посочи дека Европската Унија (ЕУ) ја смалила зависноста од рускиот гас и дека уделот на рускиот гас што го користела ЕУ од 30-35 отсто е намален на 7,5 отсто.
„Ќе биде и потешко, треба да се подготвиме за следната зима“, рече Макрон.