Burç Eruygur
03 Јули 2023•Ажурирај: 04 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев утрово изјави дека сценариото за нуклеарна апокалипса е „сосема веројатно“, пренесува Анадолу.
„Ќе забележам една работа што политичарите од сите слоеви не сакаат да ја признаат: нуклеарна апокалипса не само што е можна, туку е и сосема веројатна“, рече Медведев во изјава на Телеграм.
Медведев тврди дека постојат најмалку две причини за такво сценарио, наведувајќи ја тековната конфронтација меѓу Русија и Западот како прва причина.
„Светот е во многу полоша конфронтација отколку за време на кризата на Карибите, бидејќи нашите противници решија навистина да ја поразат најголемата нуклеарна сила - Русија“, рече понатаму Медведев.
„Втората причина“, рече тој, „е немањето табу во врска со употребата на нуклеарно оружје“, кое, како што истакна, веќе било користено претходно.