ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за одбрана на на Соединетите Американски Држави (САД), Марк Еспер, го негираше писмото објавено на социјалните мрежи дека САД ја известиле ирачката Влада дека ќе се повлечат американските војници, и рече: „Не се повлекуваме од Ирак, не планираме да се повлечеме“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Еспер заедно со началникот на Генералштабот на американската Војска, генерал Марк Милеј, во Пентагон, имаше средба со новинарите.
Тој нагласи дека САД со цел да ги зајакнуваат своите сили, во регионот префрлуваат војници.
„Не е во прашање некоја одлука во врска со повлекувањето од Ирак. Не знаеме што е тоа писмо, го испитуваме писмото. Но, немаме одлука или план за повлекување“, рече Еспер во врска со писмото објавени на социјалните мрежи, и додаде:
„Повторно ги позиционираме нашите сили во регионот. Не можам да ви кажам нешто во врска со тоа дали писмото е вистинско, но можам да кажам дека писмото не се совпаѓа со наѓата позиција“.
Исто така, и началникот на Генералштабот на американската Војска, Марк Милеј, се осврна на оваа тема.
„Само што разговарав со командантот на CENTCOM, генерал (Кенет) Мекензи, кој рече: „Писмото е без потпис, е нацрт во кое се користени погрешни изрази", истакна тој.
Се тврди дека командантот на оперативната сила на САД во Ирак, испратил писмо до ирачката Влада, која ја информирал дека по барање на ирачкиот парламент и кабинетот на премиерот, тие ќе се повлечат од Ирак.