Elena Teslova
25 Април 2023•Ажурирај: 26 Април 2023
МОСКВА (АА) - Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Москва може да употреби нуклеарно оружје првин во случај на каква било агресија против неа или нејзините сојузници, јавува Анадолу.
„Опонентите не треба да ја потценуваат решителноста на Русија“, рече Медведев, кој беше и руски претседател во периодот од 2008 до 2012 година, за време на едукативниот маратон во Москва, „Знаење“, платформа за отворени разговори меѓу младите и владините претставници.
На прашањето за климатските промени, Медведев одговори: „Дали навистина се грижите за климата во толкава мера? Според мене, ова не е ништо во споредба со изгледите да се биде во епицентарот на експлозија со температура од 5.000 келвини. Има ли такви изгледи денес? [За жал] да. И тие растат секој ден од добро познати причини“, рече тој.
Современиот свет е „болен“ и можна е светска војна, но, сепак, таа сè уште може да се избегне, рече тој.