Recep Şakar
25 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
МЕЛБУРН
Во подрачјето на Милфорд Саунд на Јужниот Остров на Нов Зеланд се почувствува земјотрес со интензитет од 5,9 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за геолошки истражувања на Нов Зеланд „ГеоНет“ (GeoNet) информира дека епицентарот на земјотресот кој се случил во утринските часови, се наоѓа на 35 километри западно од подрачјето на Милфорд Саунд, на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета од земјотресот кој се почувствувал на пошироко подрачје на Јужниот Остров.