Hasan Esen
07 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија, Германија, Кувајт, Норвешка, Катар, Велика Британија и Обединетите нации (ОН) следниот месец во Брисел ќе организираат хуманитарна конференција за Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот на Европската Унија соопшти дека на конференцијата што ќе се одржи на 5. април ќе учествуваат 70 делегации на земјите од ЕУ и од регионот, главните донатори и невладини организации.
На конференцијата ќе се дискутира за ситуацијата во Сирија, за нејзиното влијание врз регионот и во која фаза се ветувањата дадени од страна на меѓународната заедница на конференцијата во Лондон, која се одржа во февруари 2016.
Исто така, ќе се дискутира за тоа што треба да се направи понатаму за да им се помогне на луѓето погодени од кризата.
Една од темите ќе бидат напорите на меѓународната заедница за одржување на мирот и за изнаоѓање трајно решение за сириската криза.