Barış Kılıç
05 Јули 2018•Ажурирај: 07 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Челниците на терористичката организација ФЕТО во 18 земји одржаа тајни состаноци на кои на членството им проследија наредби од водичот на таа организација Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани безбедносни и разузнавачки извори соопштија дека состаноците на челникот на ФЕТО биле одржани во последната недела од јуни, а дека на состанокот во дворецот на Фетула Ѓулен присуствувале 33 високопзиционирани членови на таа терористичка организација.
На тајните состаноци се прочитани наредбите кои од Пенсилванија ги испрати водачот на ФЕТО, Ѓулен, а една од наредбите до членовите е да се женат во земјите каде престојуваат за да бидат прифатени во тие заедници.
Наредено им е да ги прекинат сите инвестиции кон Турција и да ги блокираат другите инвеститори во тоа.
„Работете на собирање на новите членови. Нека нашите браќа бидат максимално внимателни и нека се држат подалеку од државните институции. Пружете им ја сета помош на браќата кои од една преминуваат во друга земја“, се наведува во наредбите упатени до членовите на ФЕТО.
Во наредбите на Ѓулен за членството на ФЕТО во странство, се наведува дека претседателот на Турција по изборите ќе ја преземе сета моќ во свои раце и ќе изврши голем притисок на таа организација, и наредено им е да дејствуваат внимателно и организирано.
На крајот на состанокот челниците на ФЕТО манипулативно рекоа дека Фетула Ѓулен е многу болен и побараа да се помолат за негово оздравување.