Elena Teslova
22 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
МОСКВА (АА) - Судот во Русија денес опозиционерот Алексеј Навални го прогласи за виновен за измама од особено големи размери, известува Агенција Анадолија (АА).
Пресудата е донесена во градот Покров, источно од Москва, каде Навални (45) веќе ја отслужува затворската казна поради кршење на условната слобода.
Државното обвинителство побара од судот да го прогласи Навални за виновен според сите точки од обвинението и да го осуди на 13 години затвор и парична казна од 1,2 милиони рубљи (околу 10.000 американски долари).
Обвиненијата вклучуваат непочитување на судот, додека одбраната инсистираше дека не е виновен и бараше ослободителна пресуда.
Навални е осуден поради организирање „криминална организација“ заедно со своите соработници Леонид Волков и Роман Рубанов за да соберат средства за Фондација за борба против корупција.
Според истражителите, Навални наместо да ја финансира фондацијата, парите ги потрошил на „екстремизам“ и свои лични потреби.
Навални наводно украл повеќе од 2,6 милиони рубљи (околу 22.000 долари) од четири лица, кои подоцна покренале тужба против него и останатите.
Лидер на руската опозиција наводно ја навредувал и обвинителката Екатерина Фролова, која го поддржала обвинението против него.
Судот во Москва во февруари го осудил Навални поради кршење на условната казна.
Навални е уапсен е во Москва откако во јануари се вратил од Германија, каде бил на лекување проади отруење со нервен агенс. Западните земји и Навални ја обвинија Русија за труењето, што Кремљ го негираше.