Adam Abu-bashal
02 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
МОГАДИШУ
Осум војници го загубија својот живот во нападите извршени од страна на терористичката организација „Еш-Шебаб“ во воените бази во подрачјето на Средно Шебели во Сомалија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хасан Ибрахим, воен претставник, во изјава за новинарот на АА истакна дека „Еш-Шебаб“ извршила напади врз воените бази во подрачјата на Ел Гелов, Калимов и Гарсало во Средно Шебели.
„Осум војници загинаа, додека 13 војници се повредени во нападот извршен изутрина во нашата база во Калимов од страна на терористичката организација „Еш-Шебаб““, рече Ибрахим.
Тој информира дека во настанатите судири биле убиени 10 припадници на оваа терористичка организација, и дека сѐ уште не ја знаат бројката на жртвите во нападите извршени од страна на оваа терористичка организација во другите зони.
„Еш-Шебаб“ држи под окупација голем број села и подрачја во јужниот дел на земјата, а често врши напади и врз безбедносните сили и цивилите.