Büşra Selvi Öğütcen
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
АТЛАНТА (АА) - Едно лице е рането за време на протестите кои продолжуваат против полициското насилстви и расизмот во градот Денвер, во американската сојузна дражва Колорадо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносните претставници соопштија дека едно лице во Аурора, во Денвер, со своето возило се втурнало во демонстрантите.
Се вели дека по ова еден од демонстрантите со огнено оружје ранил друг демонстрант.
Повреденото лице било пренесено во болница, а повеќе детали околу случајот не се споделени .
Сè уште не се знае дали повреденото лице е шоферот кој со возило влетал во демонстрантите.
Се истакнува дека демонстрантите предизвикале голема штета на зградата на Судот.
- Протести во Луисвил -
Според вестите во американските медиуми, за време на протестите одржани преку викендот против полициското насилство во градот Луисвил, во сојузната држава Кентаки, вооружената група НФАК (NFAC), чии припадници се Афроамериканци, вооружени одржале марш.
Припадниците на оваа група, кои носеа црна паравоена облека и полуавтоматски и ловачки пушки, бараа правда за Афроамериканката Бреона Тејлор која беше убиена во март во нејзиниот дом од страна на полицијата.
Инаку, во повеќе градови низ САД за време на викендот се одржаа протести против полициското насилство и расизмот.