Adam Abu-bashal
19 Јуни 2021•Ажурирај: 20 Јуни 2021
АБУЏА
Во нигериската сојузна држава Лагос, во рамки на операциите против вооружените банди реализирани минатиот месец се приведени 127 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Началникот во полициската дирекција во Лагос, Хакеем Одумосу, во изјава за медиумите истакна дека минатиот месец реализирале операции против вооружените банди на различни локации во подрачјето.
Одумосу информира дека во рамки на операциите се фатени 127 припадници на вооружените банди, а запленето е и големо количество оружје и муниција.
Инаку, минатата година во судирите меѓу вооружените банди во земјата загинаа 3.188 лица.