свет

ОН: Над 60 милиони жени и девојки принудено раселени се соочуваат со висок ризик од родово насилство

Извештаите за сексуално насилство поврзано со конфликтите се во пораст минатата година за 50 отсто во однос на претходната година

Beyza Binnur Dönmez  | 29.11.2024 - Обновена : 29.11.2024
ОН: Над 60 милиони жени и девојки принудено раселени се соочуваат со висок ризик од родово насилство

ЖЕНЕВА (АА) - Агенцијата за бегалци на Обединетите нации денес алармираше поради огромниот скок на ризикот од родово базирано насилство врз жените и девојчињата принудени да бегаат со оглед на тоа што 60 милиони присилно раселени жени и девојки се соочуваат со високи ризици на такво насилство во светот, јавува Анадолу.

Повикувајќи се на податоци на ОН, портпаролката на УНХЦР, Шабија Манту, на брифинг во Женева изјави дека извештаите за сексуално насилство поврзано со конфликтите се во пораст минатата година за 50 отсто во однос на претходната година.

Жените и девојчињата сочинуваат 95 отсто од верифицираните случаи, додаде таа.

„Овие бројки претставуваат мал дел од реалноста, бидејќи многу случаи на овие ужасни прекршувања и насилство кои влијаат врз здравјето, достоинството, безбедноста и автономноста на жените и девојките не се пријавени“, рече таа.

„Нашите колеги кои работат при ситуации на конфликти низ светот продолжуваат да слушаат од жените за ужасите кои ги преживеале, од брутално насилство, тортура, сексуална експлоатација, сексуално насилство (вклучително и како оружје за војна) до негирање на основните човекови права“, истакна таа.

Манту нагласи дека потребата за спречување на родовото засновано насилство и службите за одговор за жените и девојчињата погодени од принудното раселување и конфликтите „далеку го надминува расположливото финансирање“.

„УНХЦР стравува дека без соодветно финансирање, милиони присилно раселени жени и девојки нема да можат да пристапат до клучните услуги следната година“, предупреди таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.