Büşra Nur Bilgiç
25 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - „Вкупно 82.978 нелегални мигранти и бегалци пристигнаа во Европа по морски пат во првите 10 месеци од 2019 година“, се вели од Агенцијата за миграции на ОН, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот издаден од Меѓународната организација за миграции (IOM), 1.080 други нелегални мигранти и бегалци ги загубија своите животи на своето патување во Европа преку Медитеранот.
Во текот на истиот период минатата година, речиси 97.765 бегалци и мигранти пристигнаа во Европа преку Медитеранот, додека 1.971 се удавија во морето.
Оваа година, 45.105 нелегални мигранти и бегалци пристигнаа во Грција - повеќе од половина од вкупните пристигнувања.
На рутата на Источниот Медитеран, бројот на загинати според извештаите достигнал 70 во 2019 година.
На западната рута, Шпанија прими 20.036 нелегални мигранти и бегалци.
Бројот на загинати на рутатата на Западниот Медитеран изнесува 318, во споредба со 549 во 2018 година.
Според извештајот на ИОМ, околу 9.432 мигранти влегоа во Италија досега оваа година. Околу 21.935 мигранти влегоа во земјата за време на истиот период во 2018 година.
Малта има примено над 2.911 бегалци и мигранти оваа година, бројка која се зголеми во однос на истиот период минатата година, во кој беа забележани 989 пристигнувања,
Бројот на загинати на централната медитеранска рута се намали на 692 во 2019 година, во споредба со 1.267 во истиот период минатата година.
ИОМ изјави дека најмалку 18.999 луѓе го загубиле животот на медитеранските премини од 2014 година.