Fatih Erel
02 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - За време на воената операција за ослободување на градот Мосул во Ирак, терористичката група ДЕАШ изврши сериозни и систематски прекршувања коишто претставуваат меѓународни злосторства, се вели во денешното соопштение на ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
„Членовите на ДЕАШ треба да се соочат со обвиненија за меѓународни злосторства“, се вели од ОН.
Со истражувањето кое беше засновано на изјави на сведоците, документирани се масовни киднапирања на цивили, употреба на илјадници луѓе како човечки штит, намерно гранатирање на цивилни живеалишта и неселективно убивање луѓе што се обидуваат да побегнат од градот.
ОН упатија повик до Советот за безбедност на ОН и до Советот за човекови права на ОН да преземат акција за одговорните за ваквите меѓународни злосторства како геноцид, злосторстват против човештвото и воени злосторства, со сигурност да се соочат со одговорноста.
„Во моментов, ирачките судови немаат јурисдикција над меѓународните злосторства извршени во Ирак. Дополнително, Ирак не е членка на Статутот на Меѓународниот кривичен суд и ја нема прифатено јурисдикцијата на судот“, се предупредува во извештајот.
По деветмесечната воена кампања, ирачките безбедносни сили го зазедоа ДЕАШ во јули 2017 година.
Над 2.500 цивили загинаа за време на воената операција, поголемиот дел како резултат на нападите на ДЕАШ, вклучувајќи 741 лица кои беа егзекутирани. Речиси 1.700 беа повредени.
Во извештајот се нагласува дека поголем број од цивилите во Мосул биле принудени да го напуштат градот, односно над 824.000 лица биле раселени од 11 јули.
Во областите што претходно ДЕАШ ги држеше во Ирак од 2014 година, откриени се најмалку 74 масовни гробници.
Исто така, ОН известуваат дека 461 цивил починале како резултат на ирачките воздушни напади и ја повика Владата на Багдад да ги испита кршењата на човековите права.