Ekip
28 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
КАРАЧИ (АА) - Најмалку две лица загинаа, а десетмина се повредени во судир на патнички воз и цистерна на североисточниот дел на Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случи доцна синоќа, во подрачјето Шејхупур, а тоа е четврта несреќа од тој вид што се има случено оваа година во Пакистан.
До судирот дојде кога патнички воз од Карачи удри во цистерна со гориво, која била заглавена на железничкиот премин.
По судирот дојде до силна експлозија на цистерната, а локалната телевизија „Гео“ објави снимки од местото на настанот, на коишто се гледа густ чад и најмалку пет патнички возила изгорени во потполност.
Пакистанскиот министер за железници, Каваја Саад Рафик, соопшти дека во несреќата загинале двајца машиновозачи.
Пакистан е земја во којашто често се случуваат сообраќајни и железнички несреќи, кои се најчесто предизвикани од лошата инфраструктура и лошите услови за безбедност во сообраќајот.