Elena Trenchevska Chekovic
24 Август 2025•Ажурирај: 25 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Палестинските деца чекаат на пунктовите за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа држејќи празни садови и чекајќи со часови за топол оброк дистрибуиран од локалните добротворни организации поради тековната израелска блокада која предизвика сериозен глад во енклавата, јавува Анадолу.
Децата и постарите жени со испружени садови ги довикуваат хуманитарните работници да им ги наполнат со храна. Многу палестински семејства прескокнуваат оброци како резултат на сериозен недостиг на храна во енклавата.
Израелската блокада сериозно го ограничи влезот на храна, гориво и основни производи во Газа. Агенциите за помош предупредија за влошување на состојбата, на неисхранетос и небезбедност на храната, особено кај децата.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека уште осум Палестинци, меѓу кои едно дете, починале од неисхранетост и глад во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи од глад од октомври 2023 година достигна најмалку 289, вклучувајќи 115 деца.
Израел уби најмалку 62.686 Палестинци во својата тековна офанзива од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата, која се соочува со сериозен глад.