Aida Cako
03 Ноември 2025•Ажурирај: 04 Ноември 2025
СКОПЈЕ АА) – Размерите на уништувањето во источниот дел на Кан Јунис во Појасот Газа излегоа на виделина по повлекувањето на израелските сили, при што голем дел од областа е сведена на урнатини по речиси две години напади, јавува Анадолу.
Снимките направени со дрон го прикажуваат кружниот тек Бени Сухејле, еден од најважните сообраќајни јазли во источниот дел на градот Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, по заминувањето на израелската Армија.
На снимките се гледаат бројни разурнати станбени и деловни објекти, како и сериозно оштетена инфраструктура.
Уништувањето на раскрсницата ја прекина врската помеѓу источните и јужните делови на Кан Јунис, што дополнително го отежнува движењето на цивилите и доставата на хуманитарна помош.
Според податоците на локалните власти, Израел уби речиси 69.000 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се над 170.000 во нападите врз Газа од октомври 2023 година.
Иако прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас беше постигнат на 10 октомври, врз основа на мировниот план од 20 точки предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, израелската страна повеќепати го прекрши договорот, продолжувајќи со воздушните и копнените напади врз различни делови на Појасот Газа.