Ekipa
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
БУКУРЕШТ (АА) - Најмалку две лица загинаа во пожар кој изби во ковид-болницата во централниот романски град Плоешти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата, Михаела Флореску, рече дека пожарот избувнал од непознати причини на Одделот за инфективни болести на болницата.
Таа истакна дека двајца пациенти, кои биле приклучени на апарати за дишење, го загубиле животот во пожарот.
Истакнувајќи дека 20 пациенти во болницата се евакуирани, Флореску кажа дека еден вработен од болницата е повреден додека се обидувал да го изгасне пожарот.
Во Романија, поради четвртиот бран од пандемијата на Ковид-19, здравствениот систем и болниците значително оптоварени.
Пожарот во болницата Плоешти е четвртиот пожар кои избувна во ковид-болница во земјата за време на пандемијата.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Романија до денес има регистрирано над 1,72 милиони случаи на коронавирусот и речиси 52.000 смртни случаи поврзани со пандемијата.