Gamze Türkoğlu Oğuz
09 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Бразилската полиција спроведе операција во сиромашен кварт на градот Рио де Жанеиро, во која се убиени 13 лица за кои постоело сомневање дека се занимавале со криумчарење на дрога, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, полковник Мауро Флиес, соопшти дека полицијата спровела операција во подрачјето на Санта Тереза во Рио, за каде што постоело основно сомнение дека се кријат криумчарите со дрога. Во престрелката до која дошло, животот го загубиле 13 лица.
Тој истакна дека во операцијата нема загинати или ранети претставници на полицијата, информирајќи дека во операцијата се запленети дрога, оружје и муниција.
Во Рио де Жанеиро, кој е еден од градовите во светот со најголем број насилни инциденти, годишно, на 100.000 населени има околу 50 смртни случаи.
Новиот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, кој е претставник на екстремната десница, во текот на предизборната кампања даде збор дека ќе се бори против зголемениот криминал во земјата. Болсонаро во своите изјави истакнал дека полицајците коишто ќе ги застрелаат криминалците, наместо да бидат казнети, треба да бидат наградени.