Emir es-Saidi,Zeynep Tüfekçi
24 Ноември 2018•Ажурирај: 25 Ноември 2018
САЛАХАДИН (AA) - Најмалку 9 лица го загубија својот живот, додека 22 лица се повредени во поплавите предизвикани од поројните дождови кои ги зафатија северните подрачја на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Жителите на Мусул, Керкук и Салахадин, кои се наоѓаат во северниот дел на земјата, погодени се од поројни дождови.
Портпаролот на ирачкото Министерство за здравство, Сејд ел Бедр, во писмено соопштение нагласи дека во Салахадин загинаа пет лица, во Зи Кар две лица, и во Басра и Васит животот го загуби по едно лице.
Според добиените информации, поради поплавите повредени се 22 лица.