Betül Yürük
16 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Ивана Трамп (67), поранешена прва сопруга на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, истакна дека сака да ја извршува функцијата амбасадор на Чешка, јавува Anadolu Agency (AA).
Ивана Трамп, кој е со чешко потекло, својата желба за извршување на функцијата амбасадор на САД во Чешка ја откри во интервју за „Њујорк пост“.
„Потеклото ми е од таа земја, и го знам јазикот. Освен тоа, сите ме познаваат, не само во САД туку и во целиот свет. Напишав три книги кои се преведени на 25 јазици во 40 земји“, изјави првата сопруга на Трамп, Ивана Трамп.
Зборувајќи за нејзиниот поранешен сопруг и новоизбраниот претседател Доналд Трамп, таа потсети дека тој се откажал од платата од 400.000 долари и додаде дека Трамп може да одбие да го користи претседателскиот авион, а наместо него да го земе Боингот 757, во вредност од 100 милиони долари.
Во привремениот тим, којшто ќе му помага на Доналд Трамп до 20 јануари 2017 година - кога ќе биде инагуриран за претседател, се наоѓаат и неговите деца Иванка, Доналд Џуниор и Ерик Трамп, како и зетот Џеред Кушнер.
Во медиумите многу се шпекулираше и за тоа дали ќерката на Трамп, Иванка, ќе добие некоја функција во Белата куќа бидејќи беше активна во претседателската кампања. Иванка изјави дека нема да извршува никаква функција, туку ќе ги води компаниите на својот татко.