Nuri Aydın
07 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
ЊУ ДЕЛХИ
Најмалку 5 лица загинаа во свлечиште предизвикано од поројните дождови во индиската сојузна држава Керала, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми, во утринските часови се случи свлечиште предизвикано од поројните дождови кои го зафатија подрачјето на Идуки.
Властите нагласија дека според првичните сознанија, во свлечиштето загинале 5 лица.
Се претпоставува дека над 80 лица се заглавени во ова подрачје, а во тек се операциите за пребарување и спасување за овие лица.
Во катастрофата спасени се 10 лица, додека околу 2.000 лица се евакуирани од нивните домови и преместени во кампови за итна помош.