Büşra Selvi Öğütcen
30 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
КИТО (АА) - Претседателот на Еквадор, Ленин Морено, истакна дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е „компјутерски хакер“, јавува Anadolu Agency (AA).
Морено во својата изјава за медиумите во главниот град на Еквадор, Кито, истакна дека покрај тоа што смета дека Асанж е компјутерски хакер, еквадорската Влада ќе му дозволи на Асанж и понатаму да престојува во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Исто така, Морена упати апел до Асанж да не се меша во внатрешната политика на Еквадор и на другите земји.
Од друга страна, Асанж преку една објава на својот профил на социјалните мрежи соопшти дека тој е новинар и уредник, и дека ниту САД не го оквалификуваат како компјутерски хакер.
Асанж минатата недела на својот профил на социјалните прежи напиша дека во случај Викиликс да добие докази во врска со тоа дека во Еквадор има корупција, ќе ги сподели со јавноста.
Четириесет ит петгодишниот Асанж веќе пет години живее во една од просториите во абасадата на Еквадор во Лондон, која се наоѓа во лондонската населба Најтсбриџ. Британскиот суд во 2012 година донесе одлука да го депортира во Шведска Асанж, кој е државјанин на Австралија, врз основа на судскиот предмет во којшто тој се обвинува за силување на две жени во 2010 година. Но Асанж ги одби обвинувањата.