свет

Примирјето во Газа стапи на сила со задоцнување

- Примирјето првично требаше да започне во 8:30 часот по локално време (07:30 часот по средноевропско време), но беше одложено откако Израел го обвини Хамас дека го одложува објавувањето на списокот на израелски заложници што треба да се ослободат.

Ahmed Asmar  | 19.01.2025 - Обновена : 19.01.2025
Примирјето во Газа стапи на сила со задоцнување Фото: Халил Рамзи Алкахлут - АА

ГАЗА (АА) - Договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници стапи на сила денс во 11:15 часот по локално време (10:15 часот по средноевропско време), по неколкучасовно одложување, известува Анадолу.

Прекинот на огнот првично требаше да започне во 8:30 часот по локално време (07:30 по средноевропско време), но беше одложен откако Израел го обвини Хамас дека го одложува објавувањето на списокот на израелски заложници кои треба да бидат ослободени денес.

Хамас соопшти дека веќе доставил список на три заложнички Израелки кои треба да бидат ослободени денеска.

Катар, еден од посредниците во преговорите, официјално го објави почетокот на првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и Хамас.

Со стапување на сила на прекинот на огнот според временската рамка што ја објавија посредниците, на граничниот премин Керем Шалом влегоа 95 камиони со помош.

Екстремно десничарската партија „Еврејска моќ“ предводена од Итамар Бен-Гвир најави повлекување од израелската влада поради договорот со Хамас, пренесоа израелските медиуми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın