Mahmut Atanur
30 Септември 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
ЏАКАРТА (АА) - На протестите што се одржуваат во разни градови во Индонезија, студентите протестираат по повод новите регулативи за антикорупција и кривично право, пренесува Anadolu Agency (AA).
На демонстрациите организирани во разни градови меѓу кои и во главниот град Џакарта, Макасар, Лампунг, Бали и Јогџакарта, илјадници луѓе бараат измени во Законот за спречување на корупцијата да бидат отповикани во Казнениот законик.
Безбедносните сили интервенираа со гасни бомби како одговор на фрлањето камења од страна на демонстрантите собрани околу зградата на Парламентот и на други места во Џакарта.
Во демонстрациите некои активисти се погодени од гасните бомби и пренесени во болница.
Заради безбедносни причини некои патишта беа затворени за сообраќај, автобусите ги менуваа своите рути.
Во меѓувреме, се очекува демонстрациите организирани од различни студентски групи, здруженија и невладини организации да продолжат до крајот на октомври, кога ќе биде формирана новата влада.
На протестите кои Владата ги опиша како „напор на оние кои сакаат да ја соборат власта нелегално“, противниците на претседателот Јоко Видодо бараат оставка од него.
Парламентот на 17 септември го ратификуваше Законот за борба против корупцијата, но поради реакциите од донесувањето на измените во Казнениот законик беше одложено.
Загрижува тоа дека измената на Законот за спречување на корупцијата ќе ја поткопа работата на Антикорупциската управа со што ќе се зголеми корупцијата.
Промените предвидуваат заедништвото без брак, хомосексуалните односи, абортусот без одлука од лекар и навреда на претседателот да се сметаат за кривични дејствија.
Демонстрантите сметаат дека тие промени ќе го зголемат притисокот врз општеството и ќе ги ограничат човековите права и слободата на изразување.
Студентски демонстрации се организираат во различни градови низ целата земја, вклучително и во главниот град. Властите истакнаа дека во судирите настанати на демонстрациите три лица го загубиле својот живот.