Elena Teslova
17 Мај 2024•Ажурирај: 18 Мај 2024
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека борбените операции во украинскиот регион Харков се насочени кон формирање „санитарна зона“ - тампон-зона од која украинските напади не можат да стигнат до руската територија, јавува Анадолу.
Путин на прес-конференција во кинескиот град Карбин, која беше емитувана на веб-страницата на Кремљ, рече дека во моментов не се планира заземање на Харков, административниот центар на североисточна Украина.
„Она што се случува во правец на Харков е и нивна вина (украинските власти), бидејќи тие гранатираа станбени области во пограничните територии, вклучително и Белгород. Таму гинат цивили. Тоа е очигледно“, рече тој.
Тој додаде дека украинските сили го напаѓаат центарот на градот, станбените зони.
„И јавно кажав дека ако вака продолжи, ќе мора да воспоставиме безбедносна зона... санитарна зона. Тоа е она што го правиме“, нагласи тој.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски вчера ја опиша борбената ситуација во регионот Харков како исклучително тешка и се состана со неговите воени началници за да разговараат за можните дејства.