Fatma Esma Arslan
22 Јуни 2022•Ажурирај: 22 Јуни 2022
ДАКАР (АА) - Западноафриканската островска земја Зелен ‘Рт (порт. Кабо Верде) прогласи економска и социјална вонредна состојба поради последиците од Руско-украинската војна настанати на африканскиот континент, известува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, Владата на Република Зелен ’Рт прогласи „економска и социјална вонредна состојба“ поради првата суша, избувнувањето на Ковид-19 и како последно, економската криза предизвикана од Руско-украинската војна.
Премиерот Улисес Кореја е Силва организира прес-конференција на која истакна дека куповната моќ во земјата постепено се намалува, 9 отсто од луѓето се соочуваат со недоверба во храната, додавајќи дека оваа бројка изнесувала 2 отсто, дури и во најтешкиот период од епидемијата на Ковид-19.
Силва посочи дека во март почнале да преземаат различни мерки за стабилизирање на поскапувањето на храната и нафтата и за помош за економски погодените семејства, при што досега потрошиле повеќе од 80 милиони евра.
Повикувајќи го народот на штедење, Силва истакна дека државата се обидува да изнајде повеќе ресурси за надминување на актуелата ситуација со помош на дипломатскиот сообраќај што го водат со своите пријатели.
Според владините податоци, инфлацијата, која во мај минатата година изнесуваше 1,9 отсто, заклучно со јуни изнесува 8 отсто.
Република Зелен ’Рт поради епидемијата загуби голем дел од приходите што требаше да се слеат во земајта од туризмот.
Од бруто-домашниот производ, 25 проценти беа средства добиени од туризмот пред епидемијата на Ковид-19.
Во оваа мала островска земја со популација од приближно 550.000 жители, поради сушата која продолжува од 2017 година, домашното производство не може да ги задоволи потребите за храна ниту на 1 процент од населението.
Оваа островска земја, која е поранешна португалска колонија позната е и како Зеленортски Острови, се наоѓа на отворено море наспроти брегот на Сенегал и Мавританија.