Ekip
01 Септември 2018•Ажурирај: 02 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за транспорт потврди дека супервизорот на аеродромот во Сочи починал за време на интервенцијата кога авионот при слетувањето го промашил крајот на пистата и слетал во коритото на реката, по што се запалил, јавува Anadolu Agency.
Според Министерството за здравство, во инцидентот кој се случил околу три часот по полноќ, при слетувањето на авионот „Boeing 737“ на руската воздухопловна компанија „Uтair airlines“, кој летал од Москва со 164 патници и 6 члена на посадата, повредени се 18 лица.
Управата на аеродромот соопшти дека пожарот бил згаснат за осум минути.
Министерот за транспорт, Евгениј Дитрих, изјави дека надзорникот на смената на аеродромот, Владимир Бегијан, кој бил еден од првите кои одговориле на инцидентот, починал од срцев удар на местото на настанот.
Причината на авионската несреќа сѐ уште не е позната.