Dmitri Chirciu
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
МОСКВА (АА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ги повика властите на Иран, пред да дејствуваат да не се водат според емоциите и да ги почитуваат основните точки од меѓународниот Договор за нуклеарното прашање од 2015 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров во Москва се состана со исландскиот колега Симон Ковонеј, а по состанокот на прашањето на новинарите ја коментираше и вчерашната вест дека Иран ја надминал границата од 300 километри збогатен ураниум која е одредена со меѓународниот договор.
„САД воведоа нов пакет санкции со кои се забранува од Иран да се купува вишок збогатен ураниум. Така САД на членките на ЕУ им забранија имплементација на претходните одлуки на Советот за безбедност на ОН. Тоа е причината за оваа состојба“, изјави Лавров и продолжи:
„Иранските власти треба да имаат трпение. Го повикуваме Иран, при дејствувањето да не се раководи од емоциите и да ги почитува основните одредби од меѓународниот Договор за нуклеарното прашање.“
Лавров ги повика и европските земји да ги испочитуваат ветувањата во врска со активирањето на Инструментот за поддршка на трговската размена (INSTEX).
Водечките сили на Европската Унија на почетокот на годината го воспоставија ИНСТЕКС, новиот механизам со цел продолжување на трговската соработка со Иран и избегнување на американските санкции во таа земја.
На сите членки на ЕУ ќе им бидат отворени вратите на ИНСТЕКС, а управувачките органи ќе ги именуваат Франција, Германија и Велика Британија, кои со Русија, Кина и САД се потписнички на меѓународниот договор со Иран.
Иран на 8 мај даде двомесечен рок на европските партнери за зачувување на Договорот за нуклеарното прашање од 2015 година. Вчера од Техеран е соопштено дека Иран ја надминал границата за складираниот збогатен ураниум.