Ali Cura
29 Април 2022•Ажурирај: 30 Април 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, истакна дека со проектил со голема прецизност со долг дострел ги погодиле зградите во Киев каде што се произведуваат ракети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Конашенков даде изјави за активностите на Руската армија во војната во Украина.
Наведувајќи дека користеле оружје со висока прецизност против цели во Украина, Конашенков рече: „Зградите за производство на ракетно-вселенската компанија „Артем“ во Киев се погодени со ракета со долг дострел и висока прецизност.“
Конашенков рече дека се уништени три трафостаници на железничките крстосници Фастов, Красносолка и Полоное со високопрецизни ракети „Калибар“ со долг дострел, лансирани од морето.
Тој додаде дека руските воздушни борбени тактички единици во текот на ноќта погодиле 112 украински воени објекти.
Конашенков, исто така, нагласи дека артилериските единици отвориле оган кон 975 места.
Нагласувајќи дека со руски системи за противвоздушна одбрана соборени се 13 беспилотни летала во воздух, Конашенков рече: „До денеска уништени се 142 авиони, 111 хеликоптери, 634 беспилотни летала, 278 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 2.638 тенка и оклопни возила, 304 ракетни фрлачи, 1.175 хаубици и минофрлачи, 2.467 воени возила на Украинската армија.“